-->
-->
Српскиот Парламент го донесе буџетот за 2017.
-->
Српскиот Парламент денеска го донесе буџетот за 2017 година, во кој се предвидени вкупни приходи во вредност од 1.092 милијарди динари и вкупни расходи од 1.161 милијарди динари, со проектиран дефицит од 1,7 отсто од Бруто домашниот производ, пренесе Танјуг.
За буџетот гласаа 153 пратеници, против беа 26, а тројца не гласаа.
Вкупните расходи ќе бидат повисоки за 69,1 милијарди динари од приходите, што е 1,7 отсто од БДП.
Буџетот за 2017 година е планиран врз основа на прогнозата дека реалниот раст на БДП следната година ќе биде три процента, а инфлацијата 2,4 процента.
За време на дебатата во Парламентот премиерот Александар Вучиќ изјави дека владата подготви стабилно финансирање и дека тоа е најдобро скроениот и реалистичен буџет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење