Балкан
3. March 2018 - 9:15

Српски медиуми: Уште една жртва на морбили, здравствен работник

 Уште едно лице почина од морбили, објави Б92.

Според информациите на српските медиуми, станува збор за жена, која била здравствен работник, вработена во Институтот за ревматологија.

Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут" вчера објави дека четиригодишното дете од Врањска бања починало од морбили и дека тоа е шеста жртва на мали сипаници.

Во Србија и во општините со мнозинство српско население во Косово, од октомври до денеска, од морбили се заразени  2.896 лица.