Македонија
19. May 2018 - 14:39

Српски државјанин избоден во Скопје

Денеска (19.05) околу 06,05 часот од страна на Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив е донесено лицето В.И.(38) од Пожаревац, Р. Србија со убодна рана во пределот на стомакот.

По кажување на оштетениот, повредата ја здобил по претходна распавија со негов познаник на улица „Иван Аговски“ во Скопје.

Во врска со случајот во Полициска станица е приведен Ч.Ѓ.(39).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.