Балкан
28. March 2018 - 20:00

Српски борбени авиони од типот „орел“ летале над Прешево и се вратиле во Краљево!

Претседателот на општина Прешево - Шќиприм Арифи, рече дека српски авиони го прелетале воздушниот простор на границата меѓу Косово и Србија, пренесува Lajmi.net.
 
Прелетувањето на авионите на војската на Србија предизвикале конфузија и загриженост меѓу тамошното население, пишуваат албанските медиуми.
Населението е вознемирено, пишуваат, затоа што воени авиони нема видено уште од војната на Косово па наваму. Шќиприм Арифи ги повикал граѓаните „да се воздржат од провокации“.
 
Албанските портали објавија и снимки од авионите, кои над Прешево летале 20-тина минути. Според неофицијални информации, се работи за 4 борбени авиони кои надлетувале во близина на административниот премин со Косово.