Македонија
16. September 2016 - 8:41

Средствата од претставата „Хамлет од Горно Дупени“ за поплавените

Театарот „Војдан Чернодрински“ вечер во 20:00 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе ја одигра претставата „Хамлет од Горно Дупени“  во режија на Кирил Петрески, а собраните средства од влезниците, кои чинат 100 денари ќе бидат донирани за населението погодено од поплавите кои го зафатија скопскиот регион.

- На овој начин и ние како институција, но и нашите сограѓани ќе можеме да ја покажеме на дело нашата хуманост, вели Тони Чатлески, директор на ЦК „Марко Цепенков“.

Тој истакнува дека станува збор за интересна претстава која го прикажува местото на човекот како двигател на општествената машинерија, но и како нејзин роб, претстава која, вели, отвора универзални и вечни теми.