Средношколски натпревар во претприемништво
Во Охрид денеска ќе се одржи натпреварот „Претприемач - да се биде или не!“ на кој четири тимови од средните училишта од Охрид и Струга ќе треба да решат предизвик од реалниот бизнис сектор.
Изборот на најдобар предлог ќе го направи комисија составена од локални претприемачи. Натпреварот е завршна активност од истоимениот проект што се реализираше од мај до септември, а целта е да се подобри квалитетот на претприемничкото учење во средните училишта преку обуки со наставниците и учениците и соработка со бизнис заедницата.
Пред натпреварот беа посетени пет локални успешни фирми каде учениците на лице место сретнаа различни бизниси и разговараа со сопствениците, а учествуваа и на тридневен камп во Охрид.
Проектот е реализиран од Локалната агенција за развој во соработка во соработка со средните училишта „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид и „Нико Нестор“ во Струга.
Ново на Сител
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот