Македонија
15. August 2016 - 14:22

Средношколците од истокот полагаа државна матура во штипската гимназија

Седумнаесет ученици од средните училишта од Источно планскиот регион денеска во штипската гимназија „Славчо Стојменски“ полагаа мајчин јазик и литератира во рамките на августовскиот испитен рок за државната матура.

Тања Кокотова заменик директор на СОУ „Славчо Стојменски“-Штип истакна дека полагањето на државната матура помина без никакви проблеми.

-Во нашето училиште денеска полагаа државна матура ученици од целиот Источен плански регион, односно од 17 средни училишта од општините од овој регион. Денеска се полага македонски јазик и литература, имаме од Радовиш ученици на кои мајчин јазик им е турскиот јазик, вели Кокотава.

Додаде дека сите ученици кои се пријавиле за полагање на државна матура за августовскиот уписен рок биле присутни. Во сите основни и средни училишта во источниот регион наставниот кадар започна со редовните работни обврски. Во дел од училиштата во тек се редовни санации на училниците и спортските сали.