Живот
27. November 2015 - 9:55

Среде говор на колега, британскиот премиер во устата „лапна“ бонбона

И политичарите се љубители на слатки покажа симпатичниот пример на британскиот премиер Дејвид Камерон, кој, судејќи според снимката, многу сака бонбони.

- Премиерот за неколку секудни во текот на 65-минутниот говор, суптилно одвитка бонбона и ја стави во уста, како немирен ученик, коментира „Дејли Мејл.“

На снимката се гледа дека откако ја стави бонбоната во уста, со раката вешто се обидува да ги прикрие убавите слатки моменти на џвакање. Освен тоа, главата ја мрда во знак на одобрување на она што колегата во парламентот го зборува за поуспешно прикривање на фактот  што повеќе  ужива во бонбоната отколку во политичкиот говор, коментира весникот.