Средби на министерот Попоски со европратеници во Брисел
Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски во Брисел оствари средби со членови на Европскиот парламент каде во фокусот се дискусии околу Резолуцијата за Република Македонија. Како што соопшти МНР, Попоски истакнал дека регионот минува низ фаза на тензии и прашалници за иднината.
- ЕУ е истовремено под влијание на внатрешните проблеми. Во такви околности, за нас е најпаметно да се обединиме околу интеграција во Унијата и вистинските вредности кои се подзаборавени. Тоа е секако покорисно, отколку да си ги прецртуваме границите. Брисел може да помогне со тоа што ќе го направи членството достижно и реално за оваа генерација македонски граѓани, истакнал Попоски.
Шефот на македонската дипломатија, информира МНР, се сретнал со Алојз Петерле копресетдавач со Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, Иво Вајгл, известител за Република Македонија во ЕП, Дејвид Мекалистер претседавач со Комисијата за надворешни работи на ЕП-АФЕТ, Елмар Брок, претседател на Европските федералисти, Жозеф Дол, претседател на Европската народна партија, како и со повеќе членови на Комитетот за надворешни работи на ЕП, меѓу кои и Тонино Пицула, Туне Келам и Чарлс Танок.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација