Бизнис
3. March 2017 - 8:23

Средби на компании од штипскиот и кавадаречкиот регион

Компании - членки на регионалните комори на Стопанската комора на Македонија со седиште во Кавадарци и во Штип денеска ќе имаат деловни средби на кои ќе ги разгледаат можностите за зголемување на меѓусебната соработка.

На средбите ќе присуствуваат претставници од компании од кожарската и текстилната индистрија, градежништвото, металната и електроиндустријата, металургијата, енергетиката, прехранбената инудстрија, земјоделството, угостителството, трговијата и транспортот. Поканети се и претставници на локалните самоуправи од Кавадарци, Неготино, Росоман, Штип и Карбинци.  

Се очекува да се разгледаат и предлог-иницијативите за поддршка на бизнис-секторот од двата региона.