Средбата неуспешна: Средношколците од утре ќе ја бојкотираат наставата
Неуспешно заврши состанокот меѓу министерката за образование и наука, Мила Царовска и Сојузот на средношколци. Матурантите од утре започнуваат бојкот на наставата и нема да се вклучат на часовите сѐ додека не се прифати нивното барање за кратење на предметите за полагање
- Имаме многу разлики во нашите ставови. Министерката Царовска рече дека не може да се промени концептот за полагање на државна матура оваа година. Ние сметаме дека треба да се промени начинот на полагањето за оваа генерација поради пандемијата и начинот на одржување на часовите, вели претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи во писмена изјава за Сител.
Средношколците бараат наместо четири, да полагаат два предмети за државната матура. Едниот да биде мајчин јазик, а другиот по избор на ученикот согласно неговите планови за понатамошното образование.
Претходно денеска, министерката Царовска одговарајќи на новинарско прашање рече дека матурантите од оваа година ќе полагаат четири предмети. За в година предвидена е промена на моделот на државната матура и веројатно ќе се полагаат по два предмети, како што сега бараат средношколците.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор