Македонија
21. October 2016 - 14:33

Средба за одржување на каналската мрежа во Ѓорче Петров

Подготовка на оперативен план за заштита и одбрана од поплави и дефинирање на надлежностите за изградба, одржување и чистење на каналската мрежа во општина Ѓорче Петров.

Ова е договорено денеска на работната средба меѓу градоначалникот Сокол Митровски, преставници од АД Водостопанство на Република Македонија, Водостопанство–Скопско поле и претседателите од месните и урбани заедници од општината Ѓорче Петров.

Во месната заедница во Волково, на 28 октомври годинава ќе се одржи состанок со месното население од Волково, Ново село, Кисела Јабука и Орман со цел граѓаните да се запознаат со предлогот на општината и АД Водостопанство на Република Македонија за решавање на сите недостатоци на каналската мрежа и нејзиното функционирање.

Извештајот од општина Ѓорче Петров, како и од сите останати општини од скопскиот регион ќе биде презентиран на третата работна средба, која е закажана на 31 октомври годинава.