Македонија
21. September 2016 - 20:33

Средба Попоски - Коѕаис во Њујорк

Вицепремиерот и шеф на македонската дипломатија Никола Попоски во рамки на 71. Генерално собрание на Обединетите нации, што се одржува во Њујорк, ќе се сретне со министрите за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас и на Бугарија, Даниел Митов.

Претходно, на маргините од Генералното собрание на Светската организација, министерот Попоски имаше билатерални средби со министерката за надворешни работи на Лихтенштајн, Аурелија Фрик, министерката за надворешни работи на Шведска, Маргот Валстром, шефот на дипломатијата на Сенегал, Манкуер Ндиаје, како и со претставници од Американскиот еврејски комитет.