Средба по повод Велигден на основните училишта Невена Георгиева Дуња и Емин Дураку
Во рамки проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието основните училишта „Невена Георгиева Дуња“ и „Емин Дураку“ остварија средба по повод велигденските празници.
Претставниците од ООУ „Емин Дураку“, на средбата одржана во ООУ „Невена Георгиева Дуња“ имаа можност да се запознаат со обичаите за велигденските празници.
Во рамки на проектот се одржани повеќе активности за запознавање на ученицте и наставниците на овие две училишта. Учениците од ООУ „Невена Георгиева Дуња“ заедно со своите наставници беа во посета на ООУ „Емин Дураку“ каде што се запознаа со своите врсници и нивните наставници.
Тие на оваа средба покрај запознавањето со нивните врсници се запознаа и со начинот на кој се садат и одгледуваат земјоделските култури кои се наоѓаат во близина на училиштето.
Како што информираат од Општина Кисела Вода, изминатиот период во МКЦ се одржа и заедничка активност на учениците и наставниците на која присуствуваа и писатели од двете етнички заедници. На оваа средба се читаа литературни творби на македонски и албански јазик.
Овие повеќекратни средби кои се одржаа изминатиов период, стои во соопштението, имаат за цел запознавање и заемно почитување на различностите, обичаите и верувањата, како и надминување на бариерите кои постојат во опшеството.
Со реализиација на овие активности се спроведуваат поставените цели на МОН за Меѓуетничка интеграција во образованието.
За време на велигденските празници се одржа и велигденски базар на кој учениците заедно со нивните родители изработија разновидни уметнички изработки кои беа наградени со пофалници. Истотака беа подговтвени и велигденски традицинални јадења.
Ново на Сител
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ