Македонија
13. November 2017 - 17:46

Средба на заменик министерот Макрадули со заменик амбасадорот на Полска во Македонија

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска оствари работна средба со заменик амбасадорот на Република Полска во Македонија Вероника Станиец - Порцик. 

Како што информираат од Министерство за животна средина и просторно планирање, средбата е по повод официјалното учество на Република Македонија на 23-та Конференција на страните на Рамковната конвенција на ООН за климатски промени ЦОП23.

Република Полска ќе биде домаќин на наредниот ЦОП, при што на денешната средба е договорена и потесна соработка, информираат од Министерството.