Средба на Заев со Нина Костовска: Општество еднакво за сите, во кое различноста е можност, а не пречка
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се сретна со Нина Костовска, наша сограѓанка од Тетово, која својот живот го поминува со Даунов синдром.
Во разговор со премиерот Заев, соопшти владината прес-служба, таа ја раскажала својата приказната и животен пат, како и предизвиците со кои секојдневно се соочувала, при што истакнала дека во ниту еден момент не се откажала, ниту пак помислила на тоа.Таа ги живее и извршува сите вообичаени активности, како што тоа го прават нејзините врсници, и дипломирала на Факултетот за македонски јазик и книжевност, истовремено помагајќи во аптеката на нејзините родители.
Нејзиниот животен став, Нина Костовска, како едно од заштитните лица на УНИЦЕФ, го пренела и во кампањата “See the ability not the disability”. Низ разговорот претседателот на Владата на Република Македонија ги потенцирал како позитивни системски промени што се оствариле или што се спроведуваат во рамки на политиките за креирање општество еднакво за сите, во кое се почитуваат различностите како можност, а не како пречка, за вклучување во општествените текови.
Во разговорот со премиерот Заев, стои во соопштението, таа ја прифатила понудата да биде времено ангажирана како библиотекарка во библиотеката на Владата на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија