Македонија
29. November 2017 - 20:22

Средба на Заев и Спасовски со претставници на Националното здружение на автошколи и возачи-инструктори

Потребно е итно донесување на новото предлог-законско решение на Законот за безбедност во сообраќајот, порачале денеска претставниците од Националното здружение на автошколи и возачи-инструктори „Обука-Л“ на средбата во Владата со премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што соопшти Секторот за одбноси со јавност од Владата, тие ги информиралеа премиерот и министерот со проблемите со кои се соочуваат во својата работа.

-Премиерот Заев искажувајќи разбирање за проблемите со кои се соочуваат, и од кои зависи и опстанокот на автошколите, ги охрабри да ја продолжат интензивната комуникација со министерот Спасовски за попрецизна и подетална формулација на новото предлог-законско решение, се истакнува во соопштението.

Министерот Спасовски на средбата информирал дека посочениот предлог-закон, со имплементирани бројни забелешки од јавната расправа, како и од претставниците на автошколите во работната група која го изготвувала законот, по добивањето на комисиското мислење, ќе влезе во собраниска процедура.