Македонија
20. May 2022 - 14:53

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на влашката заедница

Претседателот Стево Пендаровски, во пресрет на 23 Мај – Националниот ден на Власите, денеска прими делегација на заедницата на Власите во нашата држава. 
 
Честитајќи го претстојниот празник, претседателот Пендаровски го истакна значајниот придонес што претставниците на влашката заедница го даваат за севкупниот развој на Република Северна Македонија.
 
На средбата претставниците на влашката заедница ги пренесоа своите размислувања во однос на досегашниот напредок во остварувањето на правата и заштитата на својот етнички, јазичен и културен идентитет.
 
Претставниците на влашката заедница го информираа претседателот Пендаровски за планираните активности со кои ќе се одбележи претстојниот национален ден на Власите.