Македонија
23. јуни 2016 - 16:47

Средба на претседателот на Врховниот суд со американскиот амбасадор

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Лидија Неделкова денеска имаше средба со  амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Л. Бејли.

Како што соопштија од Врховниот суд за време на средбата, станало збор за досегашните резултати од реформите на судскиот систем.

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Лидија Неделкова изрази благодарност за досегашната соработка и помош преку повеќето проекти на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија кои се дадени во поддршка и развој на судството во Република Македонија.

Неделкова и амбасадорот Бејли, ја констатираа потребата од продолжување на реформата, но со давање приоритет во однос на измената на одредени законски решенија со цел обезбедување и подобрување на ефикасноста и независноста на судството.