Македонија
25. February 2020 - 8:45

Средба на претседателот на Уставниот суд со рускиот амбасадор Баздникин

Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати денеска ќе одржи средба со амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин.

Од назначувањето за претседател на Уставниот суд, Мурати досега се сретна со американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз, со евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и со амбасадорите на Франција, Германија, Турција и на Унгарија, Кристијан Тимоние, Томас Герберих, Хасан Мехмет Секизќок и Ласло Иштван Дукс.