Македонија
6. July 2016 - 20:33

Средба на Попоски со Хајдл

Европските перспективи на Република Македонија и политичкиот дијалог за надминување на тековната криза што треба да резултира со спроведување на избори се темите за кои денеска во Скопје разговараа потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски, и германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл.

Како што соопшти МНР соговорниците разговарале и за последиците за проширувањето на Европската Унија по британскиот референдум за напуштање на Унијата.