Македонија
19. December 2017 - 16:08

Средба на Могерини со премиерите од Западен Балкан - европската перспектива според постигнатото

Стратегијата за проширување е јасен сигнал за земјите од Западен Балкан за европската перспектива на рагионот. Тоа е главната порака која синоќа во Брисел ја добиле премиерите на шесте балкански земји меѓу кои беше и Зоран Заев. Покрај потврдата за отворени врати, јасно било ставено на знаење дека секој ќе напредува врз основа на постигнатите резултати и реализацијата на потребните реформи.

-2018 година ќе обезбеди единствена можност регионот да направи неповратни чекори напред во интеграцијата кон ЕУ, под услов највисок приоритет да им се даде на неопходните реформи, особено владеењето на правото, правдата и основните права. Потребно е сите партнери од Западен Балкан да ги забрзаат суштествените реформи за да ги исполнат очекувањата на нивните граѓани и да преземат конкретни чекори кон интеграцијата во ЕУ, им порачала Могерини на премиерите.

-Исправени сме пред 2018 година во која по 12 години чекаме датум за преговори. Македонија го заслужува местото во меѓународните организаљции, вели Заев.

Премиерите потврдиле дека по самитот во Трст се интензивира соработката, а преку догововорените проекти се отвора забрзана можност за приближување кон стандардите на ЕУ.   2018 за лидерите од регионот е клучна за исчекор во интегративниот процес, но само со резултат од реформите.