Свет
11. December 2017 - 9:29

Средба на министрите за надворешни на Русија, Индија и Кина во Њу Делхи

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ќе разговара денеска во Њу Делхи со колегите од Индија и од Кина, Сушма Сварај и Ванг Јием, меѓу останатото и за меѓународните проблеми.

МНР на Русија соошти дека министрите од Русија, Кина и од Индија ќе разговараат за проблемите на Блискиот исток и Корејскиот Полуостров, како и за заедничката борба против тероризмот, спречување на трговијата со дрога, јакнење на меѓународната информациска безбедност.

Состаноцвите на министрите за надворешни работи на тие држави се редовни од 2005 година и се одржуваат наизменично во секоја од тие држави.