Македонија
28. September 2015 - 15:19

Средба на министерот Незири со австриската амбасадорка Коблер

Министерот за економија Беким Незири денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Австрија во Македонија Ренате Коблер.

- Енергетската ефикасност е полето во кое е изразен заеднички интерес за реализација на проекти, поради што е неопходно интензивирање на разговорите на експертско ниво, со цел комплетна подготвеност од наша страна за вклучување во регионалните проекти од оваа енергетска област, соопшти Министерството за економија.

Незири и Коблер разговарале и за подобрување на трговската и економската соработка, врз основа на трендовите на билатерална размена меѓу двете земји годинава.

- Министерството за економија изрази подготвеност за одржување втора седница на Мешовитиот комитет по Спогодбата помеѓу македонската и австриската Влада за економска, земјоделска, индустриска, техничка и технолошка соработка, за што е упатен и официјален допис до австриската страна, се вели во соопштението.