Македонија
7. March 2016 - 20:39

Средба на министерот Адеми со наставници од Боговиње

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска имаше средба со наставници од основните и од средните училишта во Општина Боговиње, на која на дел од просветните работници им беа доделени решенија за трансформација на работниот однос, соопшти МОН. 

- Задоволство ми е денеска да бидам со вас на овој свечен настан со кој го одбележуваме 7 март – Денот на наставата на албански јазик, со првите учители со кои децата се среќаваат уште во првите години на воспитно–образовниот процес, истакна Адеми. 

Им порача дека тие се рамноправни учесници во сите реформи и дека заедно со нив се избира најдоброто решение што ќе го унапреди образовниот систем во Македонија.

- Затоа, ви благодарам за целосната поддршка која како Влада ја добиваме од сите просветни работници и уверувам дека таа двонасочна комуникација и поддршка ќе продолжи и во иднина, рече Адеми.

За општина Боговиње соопшти дека е во тек реконструкција на подовите во ОУ „Сабедин Бајрами“ во село Камењане, инвестиција на Министерството за образование и наука од над 5.6 милиони денари. Посочи дека е планирана изградба на училишна сала во истото училиште со површина од 1.200 метри квадратни, инвестиција од 41 милион денари.