Македонија
22. December 2016 - 17:47

Средба на градоначалникот Трајковски со унгарскиот амбасадор Дукс

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, Ласло Иштван Дукс.

Како што соопшти општина Гази Баба, ова е прва протоколарна средба на градоначалникот Трајковски со новиот унгарски амбасадор, на која станало збор за добрата билатерална соработка помеѓу Унгарија и Македонија.

Градоначалникот Трајковски го запознал амбасадорот Дукс со профилот на општината, со индустриските капацитети, како и со културното наследство и развојните можности на општината.