Македонија
15. November 2021 - 19:10

Средба на градоначалничката Арсовска со претставници на синдикатите на ЈСП

 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со претставници на трите репрезентативни синдикати на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие на Скопје – ЈСП.

На средбата, како што информираат од прес-службата на Град Скопје, е разговарано за проблемите со кои што секојдневно се соочуваат вработените во јавното претпријатие и за нивно итно решавање, како што е недостигот на квалитетни возачи, одржување на работилницата и проблеми поврзани со другите сектори.

Исто така, на средбата станало збор и за конкретни преговори за правата на вработените, правилна распределба на платите, нови редовни вработувања, како и за потпишување нов Колективен договор.