Средба на Џафери со претседателката на Парламентарното Собрание на ОБСЕ Седерфелд
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска оствари средба со Маргарета Седерфелд, претседателка на Парламентарното Собрание на ОБСЕ, при што искажа особено задоволство од посетата која се реализира во пресрет на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.
Тој изрази надеж дека посетата во голема мера ќе придонесе за зајакнувањето на соработката меѓу идното Претседателство и Парламентарното собрание на ОБСЕ и колективните напори за надминување на предизвиците со кои се соочува Организацијата.
Како што се наведува во соопштението од Собранието, Џафери истакна дека во Република Северна Македонија високо се цени улогата на ОБСЕ во развојот на демократските процеси во земјата, а особено активностите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која изминатите години дала свој придонес во бројни области, особено во зајакнувањето на парламентарната независност, надзорната функција, демократската улога и промовирањето на родовата еднаквост и младинските политики.
Во однос на Претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, тој укажа дека основна приоритетна цел ќе биде придонесот кон напорите и процесите за мир, стабилност и соработка во регионот на ОБСЕ, врз основа на принципите и вредностите на Организацијата, кои се сериозно загрозени со воената агресија на Руската Федерација врз Украина.
-Претседавањето со ОБСЕ доаѓа во најпредизвикувачкиот момент со кој се соочува Организацијата во поновата историја, кога довербата и дијалогот се сериозно разнишани и Северна Македонија смета дека е должност, како кон народот на Украина, така и кон луѓето ширум светот кои се жртви на конфликти, да се продолжи со напорите за изнаоѓање начини за разрешување на конфликтите преку разумен дијалог и дипломатија, се посочува во соопштението.
Претседателката Седерфелд ја презентираше работата на Парламентарното Собрание на ОБСЕ како и сите негови работни тела, особено од отпочнувањето на воената агесија на Руската Федерација врз Украина и преземените мерки за справување со последиците. Таа ја истакна потребата од единство меѓу земјите учеснички на ОБСЕ во време на воена агресија врз Украина, што претставува голем глобален предизвик со кој се соочуваат сите. Таа исто така го извести претседателот Џафери за најновите иницијативи за промена на правилата за работа на ПС на ОБСЕ кои треба да се случат во следниот период. Седерфелд, како што се наведува во соопштението, покажала особен интерес за отпочнување на преговорите за членство на Република Северна Македонија со Европската унија како и за Иницијативата Отворен Балкан.
Соговорниците размениле мислења и за други важни активности и тешкотии со кои се соочува Западниот Балкан како и регионот на ОБСЕ и пошироко, како што се односите со Кина, сајбер нападите, климатските промени, како и состојбите во Авганистан.
Ново на Сител
-
20 заглавени возила во Маврово и Попова Шапка, меѓу кои и возило на Пожарна
-
Семејство со две деца заглави во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро
-
Гренел: Итна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец
-
РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари
-
Прегазен 60-годишен пешак во Јегуновце
-
Делчево: Тешко повреден млад возач кој удрил во паркиран автомобил
-
19-годишник со „тојота“ прегазил пешак
-
Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за прекин на огнот во Газа