Македонија
7. November 2019 - 16:37

Средба Мицотакис - Заев следниот четврток во Солун

Заев и Мицотакис следната недела на средба во Солун.  Двајацата премиери ке се сретната на маргините на  солунскиот самит,  што ке одржува наредниот четвротк и петок. 

Ова е ке биде втора средба на  Мицотакис и Заев  во последниве три месеци. Тие  во септември се сретнаа во рамките на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Македонскиот премиер ке го искористи настанот да се состане и со бугарскиот колега Бојко Борисов. Засилената дипломатска активност се одвива паралелно со смената на европските институции. За Македонија веке има и нов известувач во европскиот парламент.  

Бугарскиот европратеник, Илхан Ќучук ке биде задолжен за наШата земја во следните пет години. Одлуката беше донесена вчера  на комисијата за надворешни работи на Парламентот. Ќучук на оваа позиција доага на местото на словенецот Иво Вајгл.  Инаку тој е припадник на  либералната партија „Движење за права и слободи“ , која му припаѓа на либералдемократското семејство, кад член е  и партијата на францускиот претседател.

И додека се менува европскиот естаблишмент во Брисел, стариот заминува, со порака дека грешката кон Македонија и Албанија мора да се поправи во наредниот период за да се врати кредибилноста на Унијата.

-Кредибилитетот претрпе огромна штета. ЕУ во светот зборува за успесите на мултилатерализмот и ние сме водечка сила во тоа, но тука не успеавме да усвоиме одлука. Нашиот кредибилитет е оштетен

Еврокомесарот Јоханес Хан денска го имаше своето поаследно обракање пред комисијата за надворешни работи.