Бизнис
20. January 2021 - 14:34

Средба Бочварски – Силвестри: Капиталните проекти се важни за економскиот развој

Инфраструктурните проекти што се реализираат во делот на патната и железничката инфраструктура, како и проектот за гасификација на земјата, беа главни теми на разговор на денешната работна средба на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски со aмбасадорот на Италија во Скопје, Андреа Силвестри.

– На средбата, го запознав амбасадорот со крупните капитални проекти што ги реализираме во нашата држава. Разговаравме за сите проекти, посебно за проектите што планираме да ги реализираме во наредниот период, а кои се значајни за регионалното поврзување на земјата. Ова беше одлична можност да разговараме и за зголемување на економската соработка, изјави Бочварски.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, Бочварски и Силвестри на средбата разменија и мислења и искуства на двете земји во однос на справување со предизвиците од ковид-кризата.

Министерот Бочварски изрази благодарност за досегашната соработка и ја потенцира потребата од зголемување на економската соработка меѓу двете земји