Македонија
3. October 2016 - 16:18

Средба Ахмети - Батели

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во Скопје се сретна со специјалниот претставник на Парламентарното Собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа, Роберто Батели и неговите соработници.
 
Како што соопшти ДУИ, Ахмети зборуваше за значењето на ставање крај на политичката криза во земјата преку одржување сеопфатни, веродостојни и демократски избори. Тој се осврна, се додава, и на потребата за враќање на евроатлантската и реформска агенда од страна на Владата по изборите и истакна дека ДУИ е партнер на меѓународната заедница во постигнување на заедничката цел.
 
- Македонија има потреба за стабилни институции кои ќе дејствуваат во спроведувањето на сите реформи и ќе работат кон решавање на името, интеграција на земјата во НАТО и отворањето на преговорите за членство во Европската Унија бидејќи само оваа агенда обезбедува добри меѓуетнички односи, благосостојба и економски развој, стои во соопштението од ДУИ.