-->
-->
Србинот Богдановиќ се пресели во Атланта
-->
Српскииот кошарка Богдан Богдановиќ реши да ја смени средината и е нов член на Атланта Хокс со четиригодишен договор вреден 72 милиони долари. Неговиот претходен тим Сакраменто Кингс не ја искористи можноста да ја израмни понудата на Атланта и да го задржи во своите редови. Кингс немаа доволно простор во „селери капот“, откако претходно му дадоа 163.000.000 долари на Диерон Фокс.
Богдановиќ, минатата сезона, во просек по натпревар бележел 15,1 поени, 3,4 асистенции и 3,1 скок.
Атланта во преодниот рок покрај Богдановиќ ги донесоа ветераните Режон Рондо од шампионскиот тим на ЛА Лејкерс и Данило Галинари од Оклахома сити Тандер. Со Клинт Капела, Џо Колинс и младата ѕвезда Тре Јанг, Хокс оваа сезона ќе се борат за пласман во плеј-офот во Источната конференција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори