Живот
9. April 2019 - 21:27

Србинка убиена во Чикаго, а еве кој спречи поголема трагедија - херој од Босна ја оконча крвавата драма во болницата

На оддалеченост од околу 65 метри, членот на тимот од чикашката полиција СВАТ испука неколку куршуми од пушка и така ја оконча крвавата драма во боницата „Мерси“ во Чикаго во ноември минатата година.

Офицерот Елвис Турчиновиќ, по потекло од БиХ е награден за храброст заедно со уште двајца колеги.

„Во болницата се одвиваше ужасна драма, владееше хаос“, рече Турчиновиќ за Чикаго самтајмс. „Доаѓате во ситуација без план и морате да се обидете да направите план... Незнам како да го објаснам тоа, импровизирате во движење“.

„Како полицаец и човек, ми годи чуството дека можев некому да му помогнам, посебно на некој кој е ранлив како тој ден“, рече Турчиновиќ кој веќе 13 години е ветеран во полиција.

Тручиновиќ пукал во напаѓачот од лежечка позиција на околу 65 метри оддалеченост низ ходникот, се наведува во полицискиот извештај. Полицаецот Бернардо кахано се обидел да го повлече ранетиот доктор на сигурно зад полицискиот автомобил кога почуствувал „два удари“ во неговиот десен колк.

Куршумот поминал низ футролата и запрел во неговиот пиштол. За среќа останал неповреден. „Направивме што најдобро можевме тој ден, без разлика на исходот“, рече Бернардо.

Во пукањето се убиени полицаецот Самуел Хименес, докторката од итната помош Тамара Онил и докторката со српско потекло Дејна Лес (25). Дејна Лес загина, несвесна дека напаѓачот Хуан Лопез (32) претходно ја усмртил Тамара Онил (38), лута што ја раскинала веридбата и полицаецот, татко на три деца, Семјуел Хименез, пред и него да го стигне куршум.

Дента кога загина, на веб страницата на Дејна пишуваше: „Уште 192 дена„ Одбројувањето до нејзината свадба на 1. јуни во Српската православна црква во Индијана со 500 гости, во вторникот е прекинато.

Тројца полицајци добија награда од Меморијалната фондација на полицијата во Чикаго во текот на церемонијата во Сојузна кредитна унија на Чикашката патрола.