Македонија
5. July 2019 - 10:16

Србин баран со потерница од Швајцарија падна на Долно Блаце

 
Вчера во 14.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, при пасошка контрола било констатирано дека лицето J.M.(32) од Република Србија се наоѓал на листата со мерка „Апси“ по барање на Интерпол – Швајцарија. 
 
Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.