Балкан
18. October 2019 - 15:09

Србија може да се пофали со најновите моќни хеликоптери од Русија - големо засилување во военото воздухопловство

Војската на Србија може да се пофали со три нови хеликоптери М-17 кои пристигнаа од Русија.
 
Српскиот Курир ексклузивно ги покажува првите фотографии од моќните летала кои  додатно го засилија военото воздухопловство. 
 
Станува збор за хеликоптери МИ -17  - најмоќните летала на светот во таа категорија на воздухопловството. Нивното поседување на овие летала  не само што ќе ја засилат силата на военото воздухопловство, туку и мобилноста за извршување на другите борбени задачи на војската. 
 
Трите хеликоптери со маслинеста боја го имаат и спрско знаме и останатите обележја на Република Србија.