Србија ја засили санитарната контрола на граничните премини
Србија на сите гранични премини ја зајакна санитарната контрола поради на враќањето на туристите од летните годишни одмори од земји со зголемен број на пациенти заболени од Ковид-19.
Српската влада воведе мерки за патници од земји со неповолна епидемиска состојба, меѓу кои се Република Северна Македонија, Бугарија, Романија и Хрватска.
Граѓаните на овие земји кои влегуваат во Србија мора да имаат негативен ПЦР тест не подолг од 48 часа од денот на издавањето.
На другите патници српската гранична полиција им дели предупредувања во кои се наведени карактеристиките и симптомите на ковид 19, со истакнати телефонски броеви на институтите за јавно здравје.
Според новите правила кои ги донесе Министервото за здравство на Србија, македонските државјани кои транзитираат низ територијата на Србија, не е потребно да приложуваат негативен ПЦР тест при влез во оваа земја, со тоа што периодот за транзитирање е лимитиран на 12 часа од моментот на преминување на границата.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок