Loading Video...
Тенис
11. January 2020 - 17:08

Србија и Шпанија во финалето на АТП Купот

Србија и Шпанија ќе играат во финалето на првото издание на АТП купот. 
 
Во полуфиналните мечеви Србите со максимални 3-0 ги победија Русите, откако Лајовиќ со 2-0 славеше над Качанов, а Ѓоковиќ по речиси три часа игра со 2-1 во сетови го победи Медведев. И во игра на парови Чачиќ и Троицки беа подобри од своите противници. 
 
Речиси идентично се одвиваше и полуфиналето меѓу Шпанија и домаќинот Австралија кое шпанските тенисери го добија со 3-0, откако во сингл мечевите Баутиста Агут беше подобар од Киргиос со 2-0, а Надал по загубениот прв сет го победи Де Минаур со 2-1. 
 
Финалето ќе се игра утре наутро, а по мечот меѓу Лајовиќ и Баутиста Агут, околу 10 часот ќе следува и пресметката на двајцата најдобро рангирани тенисери Ѓоковиќ и Надал