Спорт плус
19. January 2016 - 9:55

Србија и Грција прв полуфинален пар на ЕП во ватерполо

 
 Репрезентациите на Србија и Грција ја сочинуваат првата полуфинална двојка на Европското првенство во ватерполо кое се одржува во Белград. 
 
Грција во четвртфиналето беше подобра од Шпанија со 6-2 , додека актуелниот европски шампион и домаќин репрезентацијата на Србија убедливо со 15-5 ја победи Русија.  
 
Така, овие две селекции во среда од 20 часот и 15 минути ќе се борат за место во финалето.
 
Кои две селекции ќе играат во второто полуфинале ќе се знае вечерва откако своите натпревари од четвртфиналето ќе ги одиграат, Италија – Црна Гора и Унгарија – Хрватска.