Бизнис
10. December 2019 - 16:37

Спроти првата средба со грчкиот тим за трговските марки, Филипов на договарање со македонските стопанственици

Да нема конфузија кај потрошувачите, двете страни да се согласат  и економската соработка да расте. Тоа се клучните елементи кои треба да се имаат предвид во преговорите со Грција за трговските марки. Домашните комори заедно со шефот на македонскиот тим во експертската група денеска на состанок се подготвуваат за средбата со грчкиот тим која до крајот на годинава треба да се одржи во Атина. Филипов вели дека стопанствениците се однесуваат многу помудро од политичарите при усогласувањето на ставовите. Ова посебно се однесува на кампањата која неадмана ја промовираше новиот грчки премиер. Мицотакис изјави дека сите производи од северна Грција во иднина ќе го носат името Маседониа тхе греат, а домашната јавност бурно реагираше на грчката кампања. Филипов вели дека во овој случај најважни се бизнисмените кои треба да дојдат до заеднички договор, тука не може да се меша државата.

Во земјава има околу 3200 компании кои во трговските марки го содржат зборот Македонија или македонско, во Грција тој број изнесува 3500. Дел од тие имиња можеби ќе бидат задржани, дел можеби ќе бидат сменети. Одлуките ќе ги носи европскиот завод за интелектуална сопственост каде треба да се регистрираат марките. Сите домашни брендови досега не се заштитени затоа што ако содржеа зборот Македонија беа одбивани.

Согласно преспанскиот договор, консензус за трговските марки треба да се постигне до летото 2022 година.