Македонија
9. September 2016 - 8:22

Спречување на нелојалната конкуренција во туризмот

„Спречување на нелојалната конкуренција во туризмот за поголеми економски и финансиски ефекти за државата“ е тема на прес-конференција што денeска ќе ја одржи Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија.

Како што информираат од СКМ, на прес-конференцијата ќе присуствуваат и Славе Сирачевски, заменик-претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и Асим Меѓедовиќ, член на Здружението на угостителството и туризмот.