-->
-->
Спречен терористички напад во Татарстан
-->
Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) спречи терористички напад во Татарстан, планиран од двајца припадници на џихадистичката група Исламска држава.
– ФСБ заедно со Министерството за внатрешни работи спречи терористички напад врз една од владините згради во Татарстан, соопшти безбедносната служба.
Двајцата уапсени се руски државјани, припадници на ИД. Тие се товарат дека мобилизирале граѓани да се придружат во ИД и ширеле терористичка пропаганда.
При апсењето на осомничените, руските полицајци заплениле експлозивни направи од домашна изработка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кремљ: Не е јасно што сака Киев
-
Вучиќ: Подготвуваме големи работи за граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија
-
Ковачевски за Отворен Балкан: Бариерите паѓаат, а ние се поврзуваме побрзо
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада, и секој кој се огрешил пред законот ќе одговара
-
МЗШВ: До 30 јуни ќе се продолжи рокот за аплицирање за земјоделски субвенции
-
Мицкоски: Власта да не го блокира заемот од Светска банка за општините
-
Ковачевски: Датумот за почеток на преговорите со ЕУ не зависи од Владата
-
54 годишен маж почина откако бил удрен со возило од 18 годишник