Спречен шверц на производи во вредност од 10.000 евра на ГП Ќафасан
При контрола на граничниот премин Ќафасан во возило кај албански државјани биле пронајдени производи во вредност од околу 10.000 евра без соодветна документација, соопшти денеска СВР Охрид.
Портпаролот Стефан Димоски појасни дека стоката е пронајдена вчера во 10 часот и 5 минути на излез од државата во возило „Мерцедес“ со албански национални ознаки.
На граничниот премин „Ќафасан“ на излез од државата, по претходно спроведени активности од страна на Одделението за прекуграничен криминал – Струга при Регионален центар за гранични работи Запад, извршена е контрола на патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки.
Возилото е управувано од А.С. (55), а совозач бил А.М.(47), двајцата албански државјани. Притоа, во возилото биле пронајдени производи во вредност од околу 10.000 евра, без соодветна документација, изјави Димоски.
Лицата и производите, додаде, се предадени на царински службеници за понатамошна постапка согласно чл.263 од Царинскиот закон.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот