Спречен шверц на 55 килограми марихуана на албанско-македонската граница
Албанската полиција, спречи шверц на 55 килограми марихуана, која требало да биде прошверцувана на македонска територија.
Дрогата била траспортирана со добиток преку зелениот граничен појас кај селото Рајце на албанско-македонската граница кај Струга.
-Лицата А.Б.(47) и И.Б.(22), двајцата жители на селото Сутај, општина Прењас, беа уапсени синоќа во 21:30 часот при обид на шверц на 55 килограми мархуана. Дрогата требало да ја прошверцуваат во Северна Република Македонија, стои во соопштението на Полицискиот комесаријат од Елбасан.
Се додава дека во соработка со македонските колеги се работи на идетификација и на други лица вмешани во шверцот.
Случајот е под надлежност на Обвинителството и Судот во Елбасан, а уапсените ќе одговараат за „недозволена трговија со наркотични средства“
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море