Џет-Сет
18. January 2016 - 8:43

„Спотлајт“ ја доби наградата „Изборот на критичарите" за најдобар филм

„Спотлајт" ја доби наградата „Изборот на критичарите" за најдобар филм, пренесува ТАСС.

Филмот се базира на вистински настани и раскажува за сексуалните злоставувања на католички свештеници во Бостон.

Наградата за најдобар режисер отиде кај Австралиецот Џорџ Милер за научнофантастичната акција „Лудиот Макс: Патот на бесот".

За најдобар актер и актерка беа избрани Леонардо ди Каприо за „Повратник" и Бри Ларсон за „Соба". Двајцата веќе добија „Златен глобус" и се сметаат за фаворити и за „Оскар".

Наградата за најдобро оригинално сценарио отиде кај „Спотлајт". Сценариото на филмот го напиша Том МекКарти заедно со Џош Сингер.

Признанието за најдобро адаптирано сценарио го освои филмот „Big Short".

Најдобар актер и актерка во споредна улога избрани се Силвестер Сталоне за „Creed“ и Алиша Викандер за „Данската девојка".

Наградите „Изборот на критичарите" беа доделени на церемонија во Санта Моника, Калифорнија.