Македонија
3. February 2021 - 14:17

Според Мицкоски „Економист“ потврдил дека Владата на Заев направила хибриден режим управуван од мафија

Економист вели дека Македонија е хибриден режим и убедливо закована на дното, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Според Мицкоски се потврдило сето она кое што ВМРО-ДПМНЕ го зборувала изминатиот период додавајќи дека според параметрите на Транспаренси Интернешнл, фондацијата Херетиџ и Економист нема да има инвестиции во Македонија бидејќи никој не сака да инвестира во држава која што е корумпирана и владее хибриден режим.

Во последниве недела дена ни се случија неколку работи со кои што, се потврдија сите оние изјави од страна на опозицијата дека имаме работа со мафија Иако често пати ми велеа можеби е тоа претврд збор, но најпрвин според Транспаренси Интернешнл бевме заковани убедливо на последното место по нивото на корупција, согласно методологија која што опфаќа анализа во последните две години или да кажам 111-то место на кое што никогаш порано не сме биле.

Потоа фондацијата Херетиџ, реномираната фондација Херетиџ излезе и ја спушти Македонија за дополнителни осум места во која што во својот извештај за анализата на ситуацијата во Македонија за економската слобода, кажа дека имаме голем злоупотреба на јавните трошења во насока на социјални трансфери.

Сето она кое што го зборуваше ВМРО-ДПМНЕ за институционалниот поткуп. За жал тоа малкумина успеа преку медиумите да го видат, од кои причини не знам. И последната ранг листа која што денеска е веќе јавно достапна, тоа е ранг листата на реномираниот Економист кој што вели дека Македонија е хибриден режим и убедливо закована на дното. Со овие три параметри, нема жив инвеститор во светот кој што ќе дојде и ќе инвестира во Македонија, која што е убедливо последна во регионот по однос на чест и честитост, а прва по нивото на корупција, држава која што е хибриден режим и држава каде што Херетиџ вели дека имаме јавно трошење на јавните пари во насока на поткуп на граѓаните, односно социјални трансфери.

Не постои инвеститор во светот, верувајте ми, кој што ќе дојде, освен оние блиските до власта, кои што имаат единствен интерес да инвестираат во нови плантажи за марихуана и тоа единствениот инвеститор кој вие можете да го сретнете, кој што денеска со торба полна кеш шета низ Македонија. Нормално се знае каде таа торба полна кеш треба да заврши, за да се добие лиценца за ваков тип на производство, вели претседателот Мицкоски.

Центар за комуникации за ВМРО-ДПМНЕ