Македонија
31. January 2017 - 16:56

СПМ иницира сеопфатна платорма за македонските национални интереси

Изготвување на сеопфатна македонска Платформа на сите политички субјекти во Република Македонија, за опстанок и развој на нашата земја. СПМ повикува на обединување на македонскиот народ и другите народности, кои си ја сакаат и почитуваат оваа држава во која живеат, да ја поддржат платформата, во која мора да се дефинираат сите црвени линии преку кои никој во земјата не смее и не може да премине.

-Таа мора да биде во согласност со Уставот и во неа мора да бидат наведени сите прашања кои се однесуваат на нашето внатрешно уредување, безбедносниот карактер, функционирањето на институциите, јазикот, името, културата, историјата, економијата и надворешната политика. Особена одговорност за овие прашања имаат двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои предводат две големи коалиции, стои во партиското соопштение.

Од партијата велат дека се подготвени да организираат средби од кои ќе произлезат усогласени решенија за Платформата.

-Инсистираме оваа наша сериозна иницијатива да биде итно разгледана во двете политички партии и во рок од пет дена да не известат за нивната согласност по што би пристапиле кон понатамошни подготовки. Состојбите се драматични и бараат сериозно однесување и брзо делување, во спротивно секој ќе мора да ја понесе својата одговорност пред историјата и македонскиот народ, категорични се од СПМ.