Балкан
10. May 2024 - 11:08

Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа

Вработена во обложувалница во Сплит и корисник на нивните услуги се осомничени дека на 30 април ја репрограмирале машината за игри на среќа, при што заработиле 44.000 евра.

Двајцата се приведени.

Двојката е осомничена за компјутерска измама и ќе биде предадена на надзорникот на притворот, соопшти сплитската полиција, која спроведе кривична истрага откако оштетената компанија поднесе кривична пријава.

Во таа фирма утврдиле дека со промената на коефициентите на исплатена добивка им е нанесена материјална штета од речиси 44 илјади евра.