Македонија
15. April 2016 - 18:08

Спикерот Вељановски ги распиша предвремените парламентарни избори на 5. јуни

Вељаноски ги распиша предвремените парламентарни избори. Според соопштението испратено од неговиот кабинет, Македонија ќе гласа за нов пратенички состав на 5 јуни

Врз основа на моите уставни и законски надлежности, согласно Одлуката за  распуштање на Собранието на Република Македонија, денес го потпишав Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година. Решението за распишување на изборите го доставив до Државната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите, до Министерството за правда и Министерството за надворешни работи – стои во соопштението на собранискиот спикер Вељаноски.

Тој изрази уверување дека изборите ќе се одржат во мирна и демократска атмосфера за која ќе помогнат сите субјекти вклучени во изборниот процес и дека граѓаните ќе остварувајќи го гласачкото право ќе помогнат за стабилна и просперитетна иднина во Македонија.

Политичките партии од Македонскиот политички блок на своите познати ставови.

Нема промена на ставовите ниту кај СДСМ.

Изборите кои Вељаноски ги закажа на 5 јуни ќе бидат 9тите парламентарни избори во Македонија кој по четврти пат по ред ќе се одржат пред уставниот максимум од 4 години.