Македонија
9. July 2016 - 16:47

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева селективна и кон медиумите

Катица Јанева продолжува со нејзината селективност  кон медиумите. Изминатите месеци  Сител не може да добие одговор на серија прашања поврзани со скандалозно богатење на обвинители и соработници на Специјалното обвинителство и СДСМ, но тоа не и претставуваше проблем на Јанева вчера да испрати голем број одговори до телевизии и портали  кои пристрасно и некритички известуваат за работењето на најскапо платениот функционер во државата и нејзиниот тим.

Очекувано, меѓу нив не се најде ниту еден одговор на десетина прашања кои само Сител ги има испратено во последните месец дена. 

Јавноста уште чека одговор како е можно и по кој основ Катица Јанева и соработниците си делат плати од 2000 до 3000 евра секој месец, иако таа според закон треба да зема помала плата од републичкиот јавен обвинител?. Нема одговор и на прашањето колкава плата зема нејзината секретарка, за која се шпекулираше дека е подобро платена од некои обвинители и судии. Но тоа не е се. Јавноста чека одговор кои се имињата на таканаречените експерти ангаќирани од СЈО и зошто таа листа толку долго се крие? Колкави се парите на граѓаните со кои Катица Јанева ги плаќа овие експерти?

Нема одговор и на прашањето дали имало наредби и зошто се вршеле претреси доцна во ноќта во домот на Коста Крпач, кој си го одзеде животот веројатно како последица на притисоците врз неговото семејство?. Зошто беа избркани две јавни обвинителки од тимот на Катица, со паушално образложение дека немало доволно работа за нив, односно дека биле вишок, а претходно Катица јанева ги бараше во СЈО? Нејасно е и зошто Катица Јанева одбива повици за дуели и по 10 месеци не се појавува во медиум кој критички ја опсервира нејзината работа, а зема поголема плата од Марко Зррлевски кој транспарентно одговара на поканите од сите медиуми кои го канат?

Сите овие прашања, испратени од Сител, Јанева ги чува во сандачето на својата електронска пошта а не помогнаа ниту  СМС пораките и  телефонските повици до портпаролот, Ленче Ристовска. На крајот, Сител се обиде одговори да добие согласно законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, начин на кој инсистираа и меѓународните претставници.  Ја прашавме Јанева колкава е платата на јавните обвинители. Откако измина 30 дневниот рок, Јанева направи класично изигрување на законот. Во писмениот одговор испратен до Сител се оправда дека не и било јасно, дали Сител прашува, колкава е платата само на специјалните јавни обвинители или пак сака одговор и во врска со висината на платата на Јанева. 
Експертите велат дека токму непринципиелноста, нетранспарентноста и крајниот аматеризам и непрофесионалност се главните  причини поради кои Јанева според анкетите е функционерот кој има најнизок рејтинг во Македонија, истовремено додека македонските граѓани ги чини најмногу пари. Крајниот впечаток е дека се што прават е во координација и по насока на СДСМ.