Македонија
1. January 2016 - 16:49

Спасовски во посета на полициските службеници на Деве Баир

На првиот ден од новата година технички поставениот министер Спасовски го посети граничниот премин Деве Баир. Честитки за успешно реализираната измината година и желби за успех во новата им посака на сите припадници наМВР.

Поради огромниот наплив на мигранти,како во минатата така и оваа година, државната граница останува предизвик  за полицијата. Зголемениот обем на работа ќе значи засилен ангажман на граничната полиција, не само во следење на состојбите туку и во спречување на сите видови прекуграничен  криминал. 

Новогодишната ноќ минала мирно и без поголеми инциденти информираше Спасовски. Сенка на новогодишната вечер фрла смртта на 26 годишното момче во Охрид, за што полицијата сеуште работи на расчистување на случајот.